Концерти на КонТемпора во Белгија

Ансамблот „КонТемпора“ отпатува за Белгија, каде на 26-ти и 27-ми мај ќе одржи концерти со македонска музика во Монс (европскиот град на културата оваа година) и Лијеж...
Ансамблот ќе изведе композиции од Трандафиловски, Андовска, Димушевски, Симуноска, Велковска-Трајановска, Шахов, Андреевска и Петровски.
Покрај концертите, проф. Јана Андреевска ќе одржи две предавања на Кралските конзерваториуми во истите градови.
Како дел од нејзините предавања белгиското дуо Жан-Лук Фафшампс и Жан-Филип Колард-Невед ќе ја презентираат нејзината композиција „2.2.4 - 4.4.2“.
Ансамблот КонТемпора е формиран во 2014 од Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ. Сочинет од 20 истакнати македонски музичари, ансамблот веќе остварува динамична концертна агенда на кои претставуваат нови дела од домашни и странски композитори, како и неколку студиски снимања за меѓународни продуцентски куќи.
Проектот е помогнат од Министерството за култура на Република Македонија.