Матко Брекало: Додека се школува, композиторот треба да експериментира

Ма­тко Бре­ка­ло е млад хр­ват­ски ком­по­зи­тор, со иск­лу­чи­тел­но ин­ди­ви­ду­а­лен му­зич­ки израз. Сту­ди­ра ком­по­зи­ци­ја на кон­зер­ва­то­ри­у­мот „Франц Шу­берт“ во Ви­е­на, ка­де што бил при­мен во сил­на кон­ку­рен­ци­ја на сту­ден­ти од це­ли­от свет. Не­го­ви­от што­ту­ку офор­мен му­зич­ки стил, ка­ко што ве­ли, е отво­рен за но­ви пре­диз­ви­ци и инс­пи­ра­ции. Не са­ка да се огра­ни­чу­ва од кон­крет­ни стил­ски ре­фе­рен­ци ко­га пи­шу­ва му­зи­ка, ве­ли де­ка са­ка да екс­пе­ри­мен­ти­ра, де­ка всуш­ност тоа е по­ен­та­та на сту­ди­ра­ње­то ком­по­зи­ци­ја - за­поз­на­ва­ње со си­те сти­ло­ви и есте­ти­ки, а по­тоа де­фи­ни­ра­ње на лич­ни­от стил и му­зич­ки пе­чат.
Не­го­ва­та „Ка­мер­на сим­фо­ни­ја“, на 24 септември, во Му­зе­јот на гра­дот Скоп­је пре­ми­ер­но ќе проз­ву­чи пред ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка во из­вед­ба на ан­самб­лот за со­вре­ме­на му­зи­ка „Кон­тем­по­ра“.

Ка­ко дој­де до со­ра­бо­тка со „Кон­тем­по­ра“?
- Со­ра­бо­тка­та со ан­самб­лот „Кон­тем­по­ра“ про­из­ле­зе бла­го­да­ре­ние на ин­тер­нет-стра­ни­ца­та „Ком­по­у­зерс сајт“, на ко­ја на­и­дов на кон­курс за ком­по­зи­ци­ја за спо­ме­на­ти­от со­став. Ѝ се ја­вив на ди­рек­ци­ја­та и мно­гу бр­зо се до­го­во­рив­ме. На­ви­сти­на имаа про­фе­си­о­на­лен од­нос со ме­не.

Ка­ква му­зич­ка есте­ти­ка до­ми­ни­ра во „Ка­мер­на сим­фо­ни­ја“, ко­ја пре­ми­ер­но ќе проз­ву­чи пред ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка?
- Во мо­ја­та ком­по­зи­ци­ја „Ка­мер­на сим­фо­ни­ја број 1“, ко­ја ќе ја из­ве­де ан­самб­лот „Кон­тем­по­ра“, до­ми­ни­ра до­де­ка­фон­ска­та и се­ри­јал­на тех­ни­ка на ком­по­ни­ра­ње. Ток­му за­тоа ова ка­мер­но де­ло му го по­све­тив на Ан­тон вон Ве­берн. Во соз­да­ва­ње­то на ова де­ло ко­ри­стев раз­лич­ни ефе­кти за да по­стиг­нат до­пол­ни­те­лен спе­ктра­лен приз­вук. Са­кав да оти­дам че­кор по­на­та­му од Ве­берн и да на­пра­вам сво­е­вид­но про­ши­ру­ва­ње на по­ин­ти­ли­стич­ки­от се­ри­ја­ли­зам што го од­бе­ле­жа тво­реш­тво­то на овој иск­лу­чи­тел­но ино­ва­ти­вен ав­стри­ски ком­по­зи­тор. Во де­ло­то има и сло­же­ни стру­кту­ри и фор­ми чи­ја ор­га­ни­за­ци­ја про­из­ле­гу­ва од ни­за­та на Фи­бо­на­чи.

Сту­ди­ра­те ком­по­зи­ци­ја во Ви­е­на, ка­кви се ва­ши­те до­се­гаш­ни искус­тва? Овој град има бо­га­та му­зич­ка исто­ри­ја, се прес­ли­ку­ва ли та­мош­на­та ат­мо­сфе­ра во ва­ши­от му­зич­ки стил и автор­ска ин­ди­ви­ду­ал­ност?
- Ви­е­на е мул­ти­кул­ту­рен град, во кој мо­же да се ви­ди и чуе бу­квал­но сѐ што мо­же да го ин­те­ре­си­ра еден млад ком­по­зи­тор или умет­ник. Не би ре­кол де­ка са­ма­та ат­мо­сфе­ра на гра­дот вли­јае на мо­јот му­зич­ки стил, ту­ку по­ве­ќе зна­е­ње­то и му­зич­ка­та раз­но­вид­ност, ко­ја мо­же да се впие од раз­лич­ни­те слу­чу­ва­ња, од кон­цер­ти­те и од на­ста­ва­та на уни­вер­зи­те­тот. Му­зич­ка­та ин­ди­ви­ду­ал­ност мно­гу те­шко мо­же да се стек­не во мла­ди­те ком­по­зи­тор­ски де­но­ви, би­деј­ќи, кол­ку и да са­ка­ат сту­ден­ти­те по ком­по­зи­ци­ја да би­дат ори­ги­нал­ни, се­ко­гаш по­стои јас­на или при­кри­е­на вр­ска со ком­по­зи­то­ри­те чии пар­ти­ту­ри по­сто­ја­но ги ана­ли­зи­ра­ат. Мис­лам де­ка тоа е нор­ма­лен про­цес на со­зре­ва­ње кај еден ком­по­зи­тор, де­ка до­де­ка се шко­лу­ва тре­ба да екс­пе­ри­мен­ти­ра и да впи­ва зна­е­ња од раз­лич­ни­те сти­ло­ви и есте­ти­ки, а по­тоа не­на­сил­но да поч­не да го фор­ми­ра сво­јот ин­ди­ви­ду­а­лен му­зич­ки стил.

Ка­ков е ста­ту­сот на ком­по­зи­то­ри­те во Хр­ват­ска, мо­жат ли да жи­ве­ат са­мо од ком­по­ни­ра­ње или соз­да­ва­ње­то му­зи­ка не им е при­мар­на про­фе­си­ја?
- Мис­лам де­ка са­мо од ком­по­ни­ра­ње те­шко мо­же да се жи­вее ка­де би­ло во све­тот. Ту­ка пред сѐ мис­лам на умет­нич­ка му­зи­ка, т.н. кла­си­ка. Но ком­по­зи­то­ри­те пре­ку пе­да­го­шка ра­бо­та и раз­лич­ни про­е­кти мо­жат да има­ат ла­го­ден и ин­те­ре­сен жи­вот. Во мо­мен­тов не жа­лам, ужи­вам во се­кој мо­мент во го­сту­ва­ња­та и па­ту­ва­ња­та по­вр­за­ни со мо­ја­та про­фе­си­ја.

Кои се ва­ши­те ин­те­ре­си ка­ко млад ком­по­зи­тор, ка­ква му­зи­ка пи­шу­ва­те, има ли не­ка­кви па­ра­ме­три до кои цвр­сто се др­жи­те, кон­крет­ни вли­ја­ни­ја што ви се инс­пи­ра­ци­ја?
- За ме­не во умет­но­ста, а во тој кон­текст и во му­зи­ка­та, не тре­ба да има ни­ка­кви огра­ни­чу­ва­ња, ни­ту па­ра­ме­три ко­га ста­ну­ва збор за ква­ли­тет и за ори­ги­нал­ност. Ме ин­те­ре­си­ра сѐ, и нај­со­вре­ме­на­та му­зи­ка, гра­фич­ки­те но­та­ции, але­а­то­ри­ка­та, сѐ до ста­ри­те му­зич­ки сти­ло­ви, ка­ко ба­ро­кот, кла­си­ка­та или ро­ман­тиз­мот. Сѐ за­ви­си од кон­тек­стот на про­е­кти­те и на­рач­ки­те, кои по­сто­ја­но ме из­не­на­ду­ва­ат, за ка­ков ан­самбл пи­шу­ва­те и што ба­ра­ат од вас. По­не­ко­гаш мо­ра да се пи­шу­ва и му­зи­ка што не­ма до­пир­ни точ­ки со ва­ши­те ин­ди­ви­ду­ал­ни ин­те­ре­си, но мо­ра од не­што да се жи­вее. Во мо­мен­тов ра­бо­там на на­рач­ки за ка­мер­на и со­ли­стич­ка му­зи­ка и ор­га­ни­зи­рам не­кол­ку кон­цер­ти во Хр­ват­ска. 

Ангелина Димоска