Ансамбл КонТемпора

Ансамблот за современа музика „ConTempora“ е формиран во 2014 година од страна на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ со цел да изведува и промовира нови дела од македонски автори. Идејата за создавањето на ансамблот се наметна како резултат на неодминливата потреба за пополнување на празнината во македонската современа музичка култура и формирање камерен состав кој ќе делува исклучиво на полето на современата музика, премиерно изведувајќи дела на македонски композитори, но и на автори од различни делови на светот. Ансамблот брои дваесет инструменталисти со значително искуство во изведбата на современа музика, и во зависност од репертоарот делува во различни инструментални формации. Премиерниот концерт на „ConTempora“ беше одржан во септември 2014 година во рамки на Генералното собрание на Европската асоцијација на композитори и сонграјтери (ECSA) во Скопје. Во изминатата година ансамблот оствари турнеи во Холандија и Белгија, неколку концерти низ Македонија. Во текот на минатата година, „ConTempora“ реализираше и повеќе студиски снимки на новосоздадени дела од композитори од САД, Иран, Италија, Индонезија и други, а на својот досегашен репертоар претстави скоро 30 премиерни дела на автори од Македонија, САД, Италија, Индонезија, Велика Британија, но и композиции од музичката литература на 20. век.
„Разновидни творечки концепти и инспиративна, органска интерпретација донесе концертот на ансамблот за современа музика „КонТемпора“, кој под диригентско водство на маестро Сашо Татарчевски, заедно со специјалните гости од германскиот ансамбл „Aventure“ настапи на втората вечер на фестивалот „Денови на македонска музика“.Со колективен, непоколеблив фокус во оживувањето на творечките идеи, македонските протагонисти и нивните германски гости свиреа со силен интензитет, ангажман и убедливост, со желба и посветеност на современото музицирање, која пулсира и ги обединува нивните индивидуални сензибилитети.“ 

Дојрана Прокопиева

АДМИНИСТРАЦИЈА

Сони Петровски

Претседател
e mail: soni.petrovski@gmail.com

Лазар Мојсовски

Секретар
sokom@sokom.mk
Бранка Костиќ-Марковиќ
Проект координатор
b.kostic.markovic@gmail.com

Дојрана Прокопиева

Комуникации
dojrana@gmail.com

Јасмина Марковска

Техничка поддршка
jasmina.markovska@hotmail.com